(ФОТО) Сестрата со торта за Тоше, кој денеска ќе наполнеше 40 години

by Fokus

Македонската поп икона Тоше Проески денеска ќе наполнеше 40 години, а неговата сестра направи торта за роденденот на нашиот најдобар пејач и истата ја сподели на социјалните мрежи.

По повод неговиот роденден, во Загреб вчера се одржа молитва, додека во Скопје, во АРМ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција по 17 пат.

Тоше беше роден на 25 јануари 1981-та година во Прилеп. Кариерата ја започна многу млад, а со мега популарност се стекна за само неколку години.

Во краткиот период на слава тој ги полнеше сите регионални концертни сали, а во Македонија ќе биде единствениот кој трипати го наполни градскиот стадион во Скопје.

Проески загина на своја 26-годишна возраст во сообраќајна незгода кај Нова Градишка на 16 октомври, 2007 година, откако неговиот Туарег удри во камион во движење.

Поврзани новости