Фото: Сеад Кочан пристигна во СЈО

by fokus

Бизнисменот Сеад Кочан кој до неодамна беше во бегство повеќе од два месеци, пристигна во Специјалното јавно обвинителство.

Кочанво во СЈО доаѓа по втор пат, откако претходно беше за да изврши увид во доказите, а сега се очекува да даде исказ пред обвинителите.

Сеад Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“ и беше во бегство откако Кривичниот совет на Кривичниот суд му одреди притвор поради сомнение дека неговата фирма „Транс-мет“ со фалсификувани документи добила тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Откако Врховиот суд го укина решението за притвор, Кочан експресно се врати во земјава, и веднаш беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија, каде му бил вграден стент.

Кочан сега се брани од слобода, и даде гаранција од 875.000 евра дека ќе биде достапен на органите на прогонот.

Поврзани новости