ФОТО Се монтира новогодишната елка на плоштад

by fokus

На плоштад „Македонија“ во тек е монтирање на новогодишната елка, која ќе биде сместена во центарот на новогодишната населба „Зимска земја“. Елката е во шест дела и е со зелена боја.

Од утринава почна и разместувањето на куќичките кои ќе бидат дел од новогодишната населба.

Од Град Скопје најавија дека вечерва во 19 часот ќе биде означено осветлувањето на елката и отворањето на новогодишната населба. На настанот ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов. 

Новогодишна населба на плоштадот „Македонија“ ќе биде збогатена со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра. Просторот околу елката ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички

Поврзани новости