ФОТО: Се дрогираат среде Скопје, полицијата не реагира

by Фокус

Секое утро, во исто време, зависници од дрога го запоседнуваат просторот зад Факултетот за туризам во Тафталиџе (веднаш зад сервисот за мобилни телефони „Мобико“), сведочат жители од оваа населба.

Околу 7 часот утрината доаѓа девојка, понекогаш и нејзиниот партнер, земаат дрога, а сметот го оставаат зад нив.

Случајно, денеска во близина на местото имало и полиција, па жителите го пријавиле случајот. Одговорот што го добиле жителите од полицискиот службеник бил: „Продолжете си вие, ќе си дојде патрола“.

Но, како што сведочат и фотографиите, на местото се уште стојат остатоците што зависниците секојдневно ги оставаат зад себе. Понекогаш тоа се шприцови на кои има и крв, а понекогаш средства за смирување.

Поврзани новости