(ФОТО) СДСМ од денеска достапен и на албански јазик на Фејсбук

by Fokus

СДСМ од денеска е достапен и на албански јазик на социјалната мрежа Фејсбук. Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните Aлбанци чиj мајчин јазик е албанскиот, полесен и еднаков пристап до сите официјални информации на партијата, како и навремено информирање за сите политики, ставови и активности, соопшти партијата.

-СДСМ посветено го спроведува концептот „Едно општество за сите” овозможувајќи на сите граѓани еднаквост при остварување на своите права. Во иднина продолжуваме да воведуваме нови и полесни начини за комуникација со сите граѓани.

Поврзани новости