(ФОТО) Река пиеше кафе со Силјановска

by fokus

Претседателскиот кандидат Блерим Река на Фејсбук објави дека пиел кафе со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова. Во наредните денови, Река ќе пие кафе и со Стево Пендаровски.

-Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на Река денес почна со иницијатива да ги покани противкандидатите на кафе во нашиот штаб. Денес штабот на Река го посети кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска Давкова. Се надеваме овие денови штабот да го посети и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Сѐ со цел да покажаме желба до крај за фер и демократска кампања, напиша Река.

Поврзани новости