Фото: Рангелова во СЈО, вели не се чувствува виновна

by fokus

Пратеничката Даниела Рангелова во моментот влезе во просториите на СЈО каде треба да даде исказ како осомничена во случајот „Талир“.

Рангелова за медиумите изјави дека таа ќе побара увид во доказите бидејќи како што рече секој прво треба да види за што го сомничат, па потоа да даде исказ.

– Не се чувствувам виновна бидејќи ништо погрешно не сум направила, изјави Рангелова за медиумите.

На прашањето на новинарите како партијата ВМРО-ДПМНЕ се стекнала толку голем имот таа истакна дека нема информација за тоа и дека треба да се праша тој што го стекнал имотот.

Претходно од СЈО излезе и екс техничкиот премиер Емил Димитриев, кој кратко се обрати пред медиумите и кратко изјави дека во СЈО бил повикан во својство на осомничен. И тој како и Рангелова рече дека денеска не дал исказ, туку побарал увид во доказите по што дополнително ќе се произнесе пред обвинителите.

Рангелова и Димитриев се повикани во СЈО да дадат искази како осомничени во случајот „Талир“, каде за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица за перење пари од кои 9 лица како директни извршители и 2 како помагачи.

Во овој случај е осомничен лидерот на партијата Никола Груевски и сите генерални секретари во партијата од 2009 до 2015 година, меѓу кои и Димитриев, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Осомничени се и директорите на центарот за комуникации, а оваа функција долги години ја имаше Илија Димовски, додека во 2015 година на ова место дојде Иво Котевски.

Поврзани новости