(ФОТО) Пристигна и првиот снег во Крушево, магијата за туристите

by Fokus

Вчера во доцните попладневни часови, највисокиот град на Балканот, Крушево беше покриен со долгоочекуваната снежна покривка. Предвидувањата на синоптичарите се остварија и градот ја доби препознатливата зимска убавина, главното оружје за мамење на туристите.

И градоначалникот на Крушево, Томе Христоски во вчерашното гостување во Студио 10 на ТВ 24 посочи дека хотелските капацитети се 60 отсто пополнети, а доаѓањето на снегот ќе значи и нови туристи.

Најпопуларно место за туристите е месноста Станич, скијачките терени кои се прекрасни за најмладите, но ги користат и поискусните скијачи. За оние пак кои се дојдени да уживаат во глетката, тука се и неколкуте кафулиња, за задоволството да биде комплетно.

Јорданчо Цветаноски

Фото: Општина Крушево

Поврзани новости