(ФОТО) Пожар кај Солунска глава

by Fokus

Доцна вечерва избил пожар кај врвот Солунска глава на планината Јакупица, информираат од планинарскиот дом „Папрадиште“.

Според информациите на очевидците од терен, засега не е преземено ништо за да се спречи ширењето на огнената стихија.

За потсетување, Македонија во текот на летото беше погодена од катастрофални пожари, а најмногу настрадаа источниот и североисточниот дел од земјава.

Поврзани новости