Во 19 часот пред Кривичниот суд започна протестот за, како што велат организаторите, правда за Никола Груевски.
Стотина граѓани се собраа пред Судот, а потоа излегоа на булеварот, кој сега е затворен за сообраќај.
-Почитувани граѓани, Членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки,
Браќа и сестри, Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски, стоеше во повикот за протестот.