ВИДЕО Кој е човекот што ги бојадисува во бои кучињата и мачките во Прилеп?

by Fokus

Откако пред неколку денови беше бојадисано мало маче со жолта боја во Прилеп, кое подоцна беше врзано и оставено во близина на ромските гробишта, сега на социјалните мрежи се појави бојадисано куче со црвена боја.

Исто така, револтирани граѓани од Прилеп споделија фотографии од кучето, но и од човекот во кој се сомневаат дека ги бојадисува животните со боја.

Тие бараат надлежните институции да реагираат, но бараат за ваквите случаи да се произнесат и од Анима Мунди.


Поврзани новости