(Фото) По којзнае кој пат- камион пропадна на скопскиот плоштад

by fokus

Камион со товар утрово, по којзнае кој пат, пропадна на скопскиот плоштад, во близина на фонтаната „Воин на коњ“.

Јавноста веќе не се сеќава по кој пат камион пропадна на плоштадот. Последниот случај беше летово кога камион пропадна на местото на партерната фонтана.

Првиот случај беше во 2017 година, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад, каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон.

Поврзани новости