(ФОТО) Пишманот Бутарис отиде на вечера со Заев во Солун

by fokus

Премиерот Зоран Заев е во Солун приватно каде ќе ја помина Новата година, а вечерва бил на вечерва со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис. Заев објави фотографија на својата Фејсбук страница и напиша:

-Солун прекрасен како и секогаш, пријателски град од соседна Грција. На заедничка вечера со градоначалникот Бутарис разговараме за нештата кои нѐ поврзуваат, во позитивна атмосфера. Му се заблагодарив на гостопримството и ги споделивме очекувањата за успешна 2018 година, напиша Заев.

За време на посетата во Скопје, Бутарис го покани македонскиот премиер да го посети Солун за време на новогодишните празници, а минатата недела пред грчките медиуми се повлече и рече дека тој не го поканил, туку Заев сам се поканил.

Поврзани новости