Фото на денот: Саше VS Сашо

by fokus 23:45
23:45

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, по денешниот распит во Специјалното јавно обвинителство ги избегна новинарите и не им даде изјава, но не можеше да го избегне Саше Ивановски-Политико.

Тој додека одеше по Мијалков го снимаше и го прашуваше дали салдото на фамилијата стигнало до милијарда и дали после милијардата сам ќе се повлече од власта.

- Advertisements -

Мијалков денеска беше на распит во СЈО како првоосомничен во случајот „Тортура“, поточно за сурово и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

ФОТО: Томислав Георгиев

Поврзани новости