(ФОТО) Моторџијата Заев го посети Бигорскиот манастир

by fokus

Премиерот Зоран Заев заедно со неговите пријатели моторџии вчера биле во неформална посета на Бигорскиот манастир, објави официјалниот портал на манастирот.

-Во празничното попладне од Неделата на раслабениот, во неформална посета на нашата Свештена Обител дојде Премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев, со група свои содружници. Во духот на манастирското гостољубие, ценетите гости беа топло пречекани од страна на Старецот и игумен на Манастирот, Архимандрит Партениј и монашкото братство. На кратката средба Премиерот имаше можност да се запознае со дел од историјата и мисионерската дејност на нашата Обител. Гостите го напуштија Манастирот со видно задоволство и ветување дека повторно ќе го посетат ова наше вековно духовно убежиште од суетниот свет, се вели во известувањето објавено на порталот на Бигорскиот манастир.

Поврзани новости