(ФОТО) Мицкоски срдечно со Орбан: Ја констатиравме добрата соработка

by fokus

На маргините на самитот на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на средбата била констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

-Воедно од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски. Претседателот Мицкоски ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости