(ФОТО) Милошоски наместо „бомба“, извади транспарент

by fokus

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски откако собранискиот спикер не му дозволи да пушти наводна „бомба“ за лидерот на СДСМ, Зоран Заев поврзана со случајот „Рекет“ извади транспарент за како што рече, Денот на вљубените „Св. Валентајн“.

На фотографијата е министерката за правда, Рената Дескоска, техничкиот премиер Оливер Спасовски и првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски на прославата од годишнината на 1 ТВ.

Сепак министерката Рената Дескоска, не му остана должна и му порача дека требало да извади транспарент и со неговиот лидер, Христијан Мицкоски како се јавува на видео бим и испраќа честитка на прославата.

Поврзани новости