ФОТО: Крвнички претепан сопственикот на Доказ.мк

by Фокус 13:34
13:34

Скршен нос и рака и длабока расекотина на главата на која му ставиле 16 конци заработил во синоќешниот напад, сопственикот на порталот Доказ. Го тепале петтмина со шипки пред влезот на неговиот дом.

marjan stamenkovski

На претепаниот Стаменковски ќе му биде опериран скршениот нос. Тој вели дека на безбедносните камери на зградата во која живее снимени се и убаво се гледаат напаѓачите. Според него сите се блиски со власта и имаат криминално досие

- Advertisements -

marjan2

– Само што се разделив со пријателот со кој пиев кафе во кафуле веднаш до мојот дом во близина на училиштето Песталоци, тие во влезот ме бутнаа на земја, ме клоцаа, ме газеа и ме мавааа со метални шипки по главата – вели тој.

11745576_10206257591612882_695848803924109905_n

Синоќешниот беше за само неколку месеци втор напад врз Стаменковски од засега непознати лица.

marjan

Поврзани новости