ФОТО Комуналец Кавадарци за запалените контејнери: Се казнувате сами, ги казнувате вашите деца

by Fokus

Несовесни граѓани запалија пластичен контејнер, кратко откако контејнерите беа поставени за селектирање на отпадот во Кавадарци. Од Јавното претпријатие „Комуналец” кое ги постави контејнерите во соработка со општината и компанијата „Пакомак”, денеска изразија незадоволство од ваквата постапка и упатија апел ваквите несакани работи да не се повторуваат.

– Неопходно е сите да се вклучат во акцијата за почисто и поубаво Кавадарци, за ваквите непромислени постапки да бидат само минато, нагласи Јован Ристов, раководител на Секторот за хигиена при „Комуналец”.

„Вандализам! Не постое друг збор со кој би можеле да ја опишиме оваа гледка. Кои зборови треба да се употребат за да се објасни оваа ситуација? Тука нема свест, тука нема култура, тука нема ништо. Се казнувате сами, ги казнувате вашите деца, ги казнувате идните генерации на овој град. До кога вака? – реагираа од Комуналец Кавадарци.

Заедно со еколошкото друштво „Еко-живот” повикаа од страна на надлежните да се откријат и казнат виновниците. Истовремено повикаа на поголема еколошка свест кај населението.

 

 

Поврзани новости