(ФОТО) Извлечени тела од под урнатините на облакодерот кој се сруши во Бангкок

by Fokus

Спасувачки екипи извлекоа уште две тела од местото на урната висококатница во изградба во Бангкок во текот на ноќта по силниот земјотрес што го потресе главниот град на Тајланд.

Девет од 10-те жртви досега објавени во Тајланд биле на градилиште во близина на градскиот пазар Чатучак, додека 78 лица се уште се водат како исчезнати.

Вчера на местото беше донесена тешка опрема за преместување на тоните урнатини, но надежта бледнее меѓу пријателите и роднините.

Многу места во северниот дел на Тајланд објавија штета од земјотресот, но само Бангкок објави дека има жртви.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала беше во соседен Мјанмар, каде што бројот на загинати се искачи на над 1.700.

Поврзани новости