(ФОТО) Граѓани почнаа да се собираат пред општина Аеродром

by fokus

Откако попладнево градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески, без претходна најава на дневен ред ја стави точката за донесување на спорниот ДУП кој еднаш беше повлечен по реакции на граѓаните, тие во моментов повторно го креваат гласот и се собираат пред општината.

Граѓанската иницијатива „Аеродром сака да дише“ денеска ги повика граѓаните во 18:15 да излезат на протест пред Општината за да не му дозволат на градоначаникот да го протне спорниот ДУП пред крајот на неговиот мандат.

Со овој ДУП се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар и изградба на нови згради.

Поврзани новости