(ФОТО) Галетановски со писмо и цвеќе за Силјановска: Се гледаме на кафе во недела

by fokus

Шефот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски попладнево и напиша писмо на кандидатката Гордана Силјановска Давкова во кое и се извинува што при денешната нејзина посета на штабот на Пендаровски тој не бил таму и и објаснува дека во работно време тој е на работа.

-Почитувана професорке г.с. Кандидат за претседател мора да знае дека работното време на државната администрација е од 08 до 16 часот. Ова е мало внимание од нас за вас. Уште еднаш извинете што не се видовме, и се гледаме на кафе во недела во 21 часот. Ѓорѓи Галетановски-Чомбе, напиша Галетановски.

Писмото заедно со букет цвеќе беше однесено во штабот на Силјановска.

Поврзани новости