753
После 122 меча зад своето име и 38 погодоци, фудбалскиот великан Горан Пандев реши да каже збогум за македонската репрезентација.
Посебно беше емотивно кога Пандев во 70-та минута излезе од игра и беше поздравен од своите соиграчи со прегратки и аплаузи за се што направи за македонскиот репрезентативен фудбал.
Ова е веројатно и последен меч за селекторот Игор Ангеловски, чиј договор завршува на крајот на овој месец, но и за Крсте Велковски.