(ФОТО) Џафери со значка со македонското знаме на костумот во Брисел

by fokus 22:51
22:51

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска во неговата прва официјална посета на Брисел, на неговиот костум носеше значка со македонското знаме.

Ова следува откако вчера тој постави албанско знаме на неговата работна маса во спикерскиот кабинет, што предизвика негативни реакции во јавноста.

- Advertisements -

-Мислам дека никој не треба да се чувствува загрозен од знамето, бидејќи тоа се наши симболи,  на припадноста, а од институционален аспект мислам дека државното знаме се наоѓа на вистинското место каде што припаѓа и сите ние се идентификуваме со тоа знаме кога сме носители на функција, изјави Џафери.

На следното видео од НОВА ТВ при гледање во HD резолуција јасно се гледа дека станува збор за значка со македонското знаме.

Поврзани новости