ФОТО: Чавков на обвинителна клупа, стартуваше судењето за „крвавиот четврток“

by fokus

Некогашниот прв човек на МВР, Митко Чавков, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, каде што заедно со уште 29 обвинети се гонат за насилството што се случи во Собранието на 27 април 2017 година.

Покрај Чавков во овој случај обвинети се и пет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, водачите на здружението „ За заедничка Македонија“, и други граѓани. Тие се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а предметот ќе го суди судијката Добрила Кацарска.

фотографија: Томислав Георгиев

Поврзани новости