ФОТО Чаир ќе добие мега парк

by Fokus

Започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди.

Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник.

Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

 

Поврзани новости