Фото: Атмосфера од ноќното дежурство на студентите во окупираниот Универзитетски кампус

by Fokus

Студентите ја продолжуваат својата битка со владата, барајќи да се укине воведувањето на државен испит на факултетите и да се укинат спорните законски измени во високото образование. Тие денеска го окупираа Универзитетскиот кампус, односно Правниот, Филозофскиот, Филолошкиот и Економскиот факултет, а за утре е планирана окупација и на техничките факултети.

10968538_10206209597504054_4173739826749369899_n

Екипата на „Фокус“ беше во ноќна посета на студентите, каде што можевме да забележиме дека тие доста креативно го поминуваат своето време. Дел од нив се испоседнати по скалите, дел цртаат, слушаат музика и ги пречекуваат луѓето кои цело време им доаѓаат во посета. Тука се наоаѓаат и шаторите во кои дел од студентите планираат да ја поминат ноќта.

10407444_10206209609624357_8813927976890644954_n

10959294_10206209608984341_7962184252128728743_n

Студентите планираат да останат таму се додека владата не ги прифати нивните барања, а за првпат во историјата на Македонија се случува студентска окупација на факултетите.

– Ние ќе останеме овде, се додека е потребно. Имаме храна, вода, ќебиња. Нашата цел е позната и додека тоа не се оствари и владата не ги прифати нашите барања, деноноќно ќе останеме тука. Си го сакаме Универзитетот, неговата автономија нема да дозволиме никој да ја руши – тврдат од Студентскиот пленум.

10516669_10206209586063768_1686923482040371396_n

10458076_10206209606824287_6489277603220819342_n

Од сите страни, на студентите им стигнуваат храна, вода, ќебиња, помош….Граѓаните се солидаризираат со нив, па скоро на секој чекор околу  Универзитетскиот кампус можат да се забележат луѓе со полни ќеси во рацете.

10958550_10206209612424427_9014143030308374961_n

1797389_10206209541902664_4185971655901613679_n

За денешната окупација на факултетите, досега со став не излегоа ниту од валадата, ниту од ресоното министерство. Во меѓувреме, тие добија поддршка и од дел од своите професори, кои како што велат се горди на своите студенти.

10968538_10206209597504054_4173739826749369899_n 10953376_10206209602944190_6938798968796384680_n

Поврзани новости