Форум на слободоумни патриоти: Рејтингот на ДПМНЕ е намален за 17 отсто

by fokus

Форумот на слободоумни патриоти денеска ја изрази својата загриженост поради пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и побара вонреден партиски Конгрес и избор на ново раководство.

-Иако т.н. Институт “Павел Шатев” е под целосна ваша контрола, сепак и во нивните т.н. анкети драстична е разликата во поддршката што ја имавте на изборите во 2011 година и тоа 38,98% и 2014 година и тоа 42,97%, со онаа која ја имате денес и тоа 25,9%. Оттука падот на рејтингот од 13,08% во споредба со 2011 година и 17,07% во споредба со 2014 година според нас значи дека вие веќе немате кредибилитет да бидете на чело на партијата и со вас партијата на следните предвремени парламентарни избори може да претрпи само пораз и ништо друго, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ може да го избегне поразот на следните избори само ако се смени раководството и дојде нова партиска структура и нови луѓе кои немаат хипотеки и црно минато.

Поврзани новости