Формиран задгробен комитет на ВМРО

by lali 12:02
12:02

По кој знае колку победи за кои ние мртвите најмногу допринесовме, конечно го добивме она што го заслужуваме. По задграничниот, ВМРО доби и задгробен комитет овде во рајот, изјави вчера претседателот на задгробниот комитет Тодор Александров.

Нему десна рака во партиските активности на небото ќе му биде Ванчо Михајлов, како секретар на комитетот, а нивното претставништво на земјата ќе биде во Кисела Вода во зградата на улица „Михаил Чакаов“ во станот што не постои во непостоечкиот трети влез.

- Advertising -

Сепак, Изборна единица ББ се простира најмногу на гробиштата Бутел и фотографијата јасно покажува за кого се определени починатите кои од година в година ги има сѐ повеќе на избирачкиот список.

Поврзани новости