Формиран Претседателски центар за политичко образование- ќе се поттикнува интересот кај младите за политика

by fokus

Во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, со одлука на претседателот Стево Пендаровски се формираше Претседателски центар за политичко образование.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Центарот за политичко образование е еден од клучните проекти во неговата програма за работа, кој ќе ги поврзе младите од различно потекло во рамки на повеќе едукативни настани со еминентни предавачи и обучувачи од земјата и странство.

-Целта е да го поттикнеме интересот кај младите за политиката и да се мотивираат да се вклучат, подобро да ја разберат и да ја практикуваат политиката на најдобар можен начин. Преку Центарот ќе ја промовираме културата на дијалог во духот на демократските вредности и ќе придонесеме за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалното и неформалното образование, истакна претседателот Пендаровски.

Поврзани новости