Фондот за иновации им додели 2,2 милиони евра на 33 компании

by Фокус

Триесет и три компании кои аплицираа по скратена постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на Фондот за иновации и технолошки развој ќе добијат 2,2 милиони евра, а самите ќе вложат околу 5 милиони свои средства.

-Овој повик е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи, меѓу другото, за набавка на опрема, воведување нови производствени линии, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност и сл. Сите овие проекти имаат за цел воведување на нови технологии во работењето, со што се зголемува и конкурентноста на домашните компании“, се појаснува во соопштението.

Впрочем, компаниите од Фондот побаруваат 2,2 милиони евра максимален износ, што е 73 проценти од вкупниот буџет наменет за овој повик.

Поврзани новости