Фондот случајно го откри: Три години бил на боледување

by Fokus

Работник бил три и пол години на боледување, што е рекорден период откриен од Фондот за здравствено осигурување, објави Сител.

Фондот случајно го открил овој случај на злоупотреба на системот, по што за осигуреникот дал препорака да оди на проверка на работната способност.

Ова еден од многуте случаи на злоупотреби, особено за време на пандемијата. Извештаите за пост-ковид компликации биле посебно често злоупотребувани, велат од Фондот.

Инаку, пред неколку дена во Црна Гора беше објавено дека тамошен осигуреник го држи рекордот од шест години на боледување, а има и други случаи на повеќегодишно отсуство од работа со изговор – лажна болест.

Поврзани новости