Фон дер Лајен: Приоритет е да се забрза вакцинацијата

by fokus

Приоритет е да се забрза вакцинацијата во светот и да не се дозволи ова да стане пандемија на невакцинираните, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор за состојбата на Унијата.

-Пандемијата на коронавирусот е маратон, а не спринт. Следната година ќе биде уште еден тест за карактерот на ЕУ и светот. Ние веќе се обврзавме да дистрибуираме 250 милиони вакцини, а Комисијата ќе донира уште 200 милиони дози до средината на следната година – фон дер Лејен.

Таа ја повика ЕУ да стори се што е можно за да не стане пандемија на невакцинираните. Според неа, повеќе од 70 проценти од возрасните Европејци се вакцинирани, а обезбедени се 1,8 милијарди засилувачки дози за Европејците. Последниот приоритет, како што истакна, е да се зајакне подготвеноста за нови пандемии.

Поврзани новости