Фолк ѕвездата ќе слави јубилеј: Наум ги натпеа и ги надзбори сите свои колеги

by fokus
Фолк ѕвездата Наум Петрески ќе слави триесет години на естрадата. Јубилејот ќе се случи во Метрополис арената во Скопје, во април наредната година, а големиот солистички концерт веќе е закажан.
 
Тој е еден од ретките пејачи кај нас, што има испеано над 350 песни, од кои што голем број станаа хитови и се пејат со години наназад. ,,Има ли песна’’ ,,Жал за Деспина’’ ,,Оди ѕвездо’’ ,,Птицо бела’’ и многу други се само дел од неговата богата музичка ризница.
 
Покрај спектакуларниот јубилеен концерт, Петрески наскоро го очекува и промоција на нов албум. Со десеттина нови песни, но и неколку обработки на стари традиционални песни, албумот ќе биде промовиран на почетокот на декември.
thumbnail_naum-p6
 
Иако присутен на сцената три децении, Наум важи за еден од најпопуларните фолк пејачи кај нас, едноставно не излегува од мода. Освен што е познат по своето ,,златно’’ грло, за него велат и дека е човек без влакна на јазикот, бидејќи секогаш ја збори вистината и не се плаши јавно да си го каже своето мислење, без разлика на тоа какви реакции ќе предизвика.
 
Пред два месеци преку ,,Фокус’’ му порача на Ѓорѓи Дамчески, крушевскиот градоначалник, да му го исплати договорениот хонорар за настап на манифестацијата ,,Етно град’’ кој доцнел со месеци, порачувајќи му дека така не се прави држава, и како тој заработува чесно и со пот, а не од фотелја подарена поради лепење плакати. По обвинувањата, заработениот хонорар му беше исплатен во целост, а фолк естрадата му честиташе на Петрески за храброста што јавно проговорил за проблемот, кој често го имале и тие, но секогаш премолчувале.
 
И додека Наум стои зад своите изјави, голем е бројот на неговите колеги на кои што им фали барем дел од неговата храброст. Пред неколку дена бевме контактирани од неколку фолк пејачки кои се жалат дека сеуште не им биле исплатени владините субвенции, па апелираа да се објави веста, но притоа да не им се споменуваат имињата и да останат анонимни, бидејќи не сакале да имаат проблеми.

Вики Клинчарова
 

Поврзани новости