Воените инвалиди се судрија за објектот вреден 6 милиони евра!

by Фокус

Некогаш беа едно исто, иста рожба, еден супстрат, ама денес борците и воените инвалиди, групирани во посебни здруженија, докажуваат кој е постар и побитен. И, се натпреваруваат за имот и автоматски за пари.

А зошто и не би го правеле тоа, кога станува збор за недвижностите на атрактивни локации, тешки милиони евра. Притоа, тие носат високи месечни приходи!

Судскиот спор меѓу Сојузот на инвалидите и Сојузот на борците сѐ уште не е целосно окончан, но засега како победник излегоа воените инвалиди, кои го добија Домот на воени инвалиди, кој има капацитет да генерира месечен приход од над 10.000 евра.

„Фокус“ дојде до документ во кој се изнесуваат низа обвинувања за сомнително работење на раководството на сојузот, но надлежните органи не откриле ништо незаконско. Дали тие го штитат раководството на здружението, или, пак, обвинувањата се своевиден реваншизам или одмазда?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”