Виртуелната и онаа друга Македонија

by Фокус

Меѓународната машина се забревтува и забрзува. Кај да е, ќе „меле“. Со тоа, можни се позитивни разврски на Западниот Балкан, се разбира, и со Македонија. А и насуканиот брод „Македонија“ ќе го отсукаат.

Да се надеваме, ќе може да плови во мирни води, кон НАТО и ЕУ. А што ќе биде со нашиве полжави кои со таква брзина го водат? Па, веројатно, нема да успеат да им побегнат. Што носи ден, не носи година. А што носат два дена, е, тоа допрва ќе се види и дознае!

Има некое непишано правило во демократските земји дека на новата влада ѝ се даваат 100 дена во кои таа не се критикува. Арно ама, ова кај нас, во Македонија не важи. Прво, предалеку сме од демократска земја. Второ, иако владата е избрана пред само еден месец, освен козметичките дотерувања, е онаа истата старата, престарена влада.

Бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и покрај сите божемни кавги, пазарења, „шарања“ на страна, трае ли трае. Како тргнале со промениве на Уставот, и уставна категорија може да стане. Во стилот, Владата е заедница исклучиво меѓу само еден Никола Груевски и само еден Али Ахмети.

Некоја чудно неопислива и трајна љубов ќе да е. А познато е, љубовта е вечна сѐ додека трае!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”