Уште колку пациенти треба да ослепат за да реагира Министерството за здравство?

by Фокус

По само два месеца, скандалот „Перде“ ќе доживее годишнина откако во „Фокус“ беа објавени првите случаи на лошо изведени оперативни зафати  од очната лекарка во старата Воена болница.

Оваа тема предизвика бурни реакции во јавноста, а ситуацијата станува уште поалармантна бидејќи бројот на пациентите што го изгубиле видот на едното око постојано се зголемува.

Досега се формирани две стручни комисии, една на Министерството за здравство, и друга на Лекарската комора, кои го „испитуваат“ случајот. Нејасно е уште колку комисии треба да се формираат за овој случај конечно да добие разрешница, а пациентите здрав вид и правда!?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”