Цреши, помии, хипноза и слобода

by Фокус

Државата пак се задолжила. Задолжувањата и оддолжувањата не можев да ги навтасам минатава недела, толку многу се вртеа на интернет-порталите. Владата се задолжила 46,4 милиони евра, па се раздолжила 30,5 милиони евра. Во 2015 година треба да вратиме 670 милиони евра!?

Цела среќа што имаме невидено добри експерти по финансии, кои се повеќе од магионичари. Телепатски ни влегуваат во џебовите, држејќи нѐ под длабока хипноза и ги телепортираат нашите пари во офшор-дестинации.

И никој ништо не видел, ни чул, сите зјапаат недоветно и се прават наудрени. Не можев ни во сон да помислам дека, еден ден, намерното „правење будала од себе“ ќе стане авангардно движење во нашава земја!?

Пишува
Синоличка ТРПКОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”