Тензиите во Ѓорче Петров спласнаа, но жарот сѐ уште тлее

by Фокус

Жителите на Ѓорче Петров одамна си имаат мака со крадци од селото Грчец. Нема ден да не пријават некакво кривично дело во полиција. Најчесто кражби. Особено во последните години, на мотори и скутери.

Повремено на автомобили, а велосипедите, постојат информации, дека им ги крадат и други криминални групи, не само поединци од Грчец.

„Фокус“ има податоци за групите што оперирале низ неколку скопски населби и краделе мотори. Ги криеле извесно време низ околината на Грчец, и потоа, доколку сопственикот не се согласи да исплати сума за да си го откупи моторот, или ги пренесувале и ги продавале на Косово, или пак, ги палеле да скријат траги.

Своите искуства ги раскажуваат и жителите на Ѓорче Петров, кои по убиството на матурантот Анѓел Петковски се кренаа на нозе и побараа расчистување на кривичните дела поврзани со кражбите во општината.

Пишуваат:
Љубиша АРСИЌ
Мери ЈОРДАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”