Судска заштита на честа на Мијалков

by Фокус

Пресудата со која судот го заштити угледот на Сашо Мијалков, за што треба да му платиме околу 360.000 денари, плус уште 203.709 денари за другите трошоци, содржи интересни смерници за новинарската работа.

Прво, не е од јавен интерес да истражуваме доколку исчезне еден граѓанин.

Второ, Игор Илиевски не е сериозен извор на информации затоа што е бивш амбасадор, ем со семејни проблеми.

Трето, казната ни била адекватна, небаре сме опсипани со владини реклами, а така и судот ги штител демократските принципи. Сѐ на сѐ, ќе сме станеле поодговорни новинари!

Прашање е само дали судството со своите пресуди придонесува и владините функционери да бидат поодговорни!?

Пишува:
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во бројот 957 од неделникот “Фокус”.