Со Сомалија го делиме првото место на непопишани, ама и отпишани!

by Фокус

На премиерот Никола Груевски, но и на блиските луѓе околу него, отсекогаш им било важно Македонија да ја рангираат и да ја споредуваат со другите земји.

Па, така, ќе речат дека сме втора најмалку задолжена земја во Европа, или втори, па и први, во привлекувањето странски инвестиции. Кога видоа странците дека милуваме да се рангираме, и тие почнаа да ни даваат титули.

Но, откако во 2011 година го освоивме и првото место по мизерија во светот, кое свечено ни го додели Евростат, сега уште еднаш сме крунисани. Го делиме првото место со Сомалија, како две држави во светот кои немаат спроведено попис на населението.

Во Сомалија се војува, а ние, бидејќи немаме оправдување, дефинитивно го заслужуваме златниот медал!

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”