Слобода на медиумскиот терор!?

by Фокус

Ако некој неупатен во македонскиот политички хорор деновиве ги следи премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Заев што и како зборуваат за медиумите и за новинарите, може навистина да се избезуми.

Прво, ќе добие претстава оти Македонија медиумски дише слободно небаре е Шведска, арно ама тој рај една соросоидна багра го прикажува во светот како пекол и, види чудо, тоа и успева, за потоа да разбере оти медиумите се „злосторничко здружување“, Ал Каеда што ја тероризира македонската демократија, што е прилично песимистичка дијагноза од која нема лек.

Битката за она што преостана од јавноста, минатата недела прв ја почна Груевски или неговото медиумско алтер его кое редовно си пишува прашања и одговори „од интерес на граѓаните“ и во т.н. интервју за МИА наслика медиумска нирвана во Македонија денес, за разлика од мракот на деведесеттите!

Медиумската слобода за која денес иронично зборува премиерот, изгледа се состои во тоа што успеа да му ги украде на Црвенковски првите дворски телали-пропагандисти и со нив сега мафта како со воени трофеи.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”