Селото Грчец згрчено од криминал и од сиромаштија

by Фокус

Соживотот во Македонија повторно е на стаклени нозе. За влошување на ваквата состојба посебно придонесуваат стереотипите што постојано кружат за одредени населени места во државата. Едно од нив е и селото Грчец, во Општина Сарај. За едни, тоа е криминално дувло, а за други, пак, обично место за живеење. Сликата е една, но сè зависи чии очи ја гледаат.

Озборувањата за „озлогласеното“ село повторно се актуализираа пред една недела, кога полицијата се пофали дека го уапсила тамошниот жител Арслан Нуиши, познат под прекарот Бос, кој и самите го нарекоа шеф на наркомафијата. По неговото апсење и собирањето на пленот од 10 килограми марихуана, Грчец повторно стана страв и трепет за скопјани. Наводно, покрај наркодилери, тука имало и лихвари, рекетари и крадци.

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”