Во дел од бројни реклами може да се најде и инфузија позната под името ESE immune Booster, која на големо се промовира за зголемување на имунитетот, бидејќи била збогатена со глутатион – моќен антиоксиданс за дополнителна заштита и детоксикација.
Но, што е тоа глутатион, кој е толку моќен за секој организам?
Тоа е првото прашање што се поставува, дотолку повеќе што истиот тој како ампули не е регистриран во Агенцијата за лекови и медицински помагала МАЛМЕД.
Дали тој лек се користи во тие витамински и регенеративни инфузии што се подготвуваат во здравствената установа, дали тие располагаат со тој лек, кој воопшто не е регистриран во земјава и ако располагаат – од каде го набавуваат?
Како може лек, кој сѐ уште не добил дозвола за промет на пазарот да заврши во приватна ординација, ако не е набавен на црно?
Од МАЛМЕД тврдат дека приватна здравствена установа не смее да произведува инфузии.
„Фокус“ успеа да стапи во контакт со самата ординација, од каде што ни потврдија дека знаат дека лекот глутатион не е регистриран, но дека тие од април чекаат да влезе во Регистарот на лекови.
На нашето прашање – зошто толку време го промовираат, ако знаат дека не може да го користат, ни одговорија: „За да ги придобиеме пациентите!“.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК