Преродбеничка фарма

by Фокус

Како речиси секоја револуција, свилена или волнена, сеедно, и оваа нашава се претвори во својата спротивност.

Да беше жив Џорџ Орвел, авторот на сатиричната басна „Животинска фарма“, ќе напишеше дека и во Македонија во последниве осум години револуционерните „животни“, кои се бореа за подобар стандард и за правда, токму тие истите, веќе одамна проодеа на две нозе и станаа идентични како подмолните цицачи со раце.

Орвел не случајно ги поделил улогите. Водачите, односно политичарите, ги претставува како свињи, оние што беспоговорно најмногу ги слушаат се коњите, во битките први гинат гуските, додека паролите ги извикуваат овците. На магарето му е дадена улогата на циник, кој смета дека ќе биде лошо, без разлика кој и да владее!

Пишува
Владо АПОСТОЛОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”