Пастирот и Пешакот на „свиждање“!

by Фокус

За владејачката пропагандна машинерија по правило опозицијата и лидерот се секогаш првообвинети за сите непогоди во розовиот преродбенички матрикс. Така што, доколку и Брисел ова ни го прокнижи како минус, Заев овде ќе биде свечено промовиран со фанфари во „гилти“.

Или, ако некако се ујдисаат, ѓоа падне некаков „палома“ договор, Заев пак ќе биде крив за други нешта. Исто му се фаќа! Агит-пропот си го черечи континуирано.

Не знам што, всушност, очекува опозицијата од овие „свиждања“. За помладите, така се нарекуваа средбите меѓу Македонците и Бугарите од пограничните  гратчиња во социјализмот.

Ете, и тогаш, одделени со железната завеса, имало „свиждања“. Ако Груевски е диктатор, како што го ословуваат, зарем преку „свиждања“ ќе го сторат демократ!? Само во бајките за Пепелашка, тиквата станува кочија, а глувците коњи.

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”