Обврските за функционерите не важат за партиите

by Фокус

За разлика од функционерите, кои имаат законска обврска да ги пријавуваат сите имотни промени од стапувањето, па сѐ до напуштањето на функцијата, политичките партии досега само еднаш мораа да изготват попис на имотот.

Тоа се случи во 2005 година, по стапувањето на сила на законот за политички партии, кој, според надлежните институции, предвидува еднократна, а не континуирана должност на партиите да известуваат за имотните промени.

Значи, тие може да го зголемат партискиот имот, без тоа да подлежи на увид на институциите и на јавноста! Спротивно на законските и статутарните одредби дека нивното финансиско работење е транспарентно, владејачките партии одлучија да молчат во однос на имотната состојба.

Дали можеби во годините наназад се зголемиле квадратните метри деловен простор, или недвижностите што ги користат не се водат на име на партијата, но на физички лица, блиски до партискиот врв?!

Пишува:
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во бројот 950 од неделникот “Фокус”.