Никола Груевски да си оди од партијата што ја основавме со Драган Богдановски!

by Фокус

Јаковлески е македонски емигрант во Германија, кој бил домаќин на луѓето што во почетокот на деведесеттите години на минатиот век го основаа и го формираа ВМРО-ДПМНЕ, како и главен финансиер на почетните партиски активности.

Во интервју за „Фокус“, тој открива интересни детали за својот престој и ангажман во Берлин, за првите чекори на моментално најголемата владејачка партија, како и за денешните случувања во земјава. За главен „татко“ на партијата го смета Драган Богдановски, и покрај тоа што попуштил пред притисокот на тогашната југословенска тајна служба.

Тој, според него, е автор на програмата, кум на името, но и творец на лидерот Љубчо Георгиевски. Не штеди критики кон премиерот Никола Груевски бидејќи неговото недемократско владеење ја прави Македонија еднопартиска држава. Во насока на обединување на Македонците, неодамна јавно побара слобода за Љубе Бошкоски.

Разговараше:
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целото интервју може да го прочитате во бројот 947 од неделникот “Фокус”.