Народот е крив!

by Фокус 19:10
19:10

Главна фора на груевци е народот. Благодарение на народот – само небото им е лимит! А народот им е во центарот затоа што ги гласал во низа. Ако им ги критикуваш политиките – ти си против народот. Будалски е, ама им проаѓа.

А тие толку си го „поштуваат“ народот, та не се снебиваат ни да го заплашуваат ни да го уценуваат – ќе изгуби работа или нема да добие нешто што инаку му следува, ако не гласа за нив. Ама тие го ценеле народот, а гласникот што ги регистрира овие „феномени“ на нивната чудна љубов кон народот ќе биде анатемизиран како антинароден елемент.

- Advertisements -

По оваа исчашена логика, дури и кога еден убав ден ќе заминат од власта, штогоде да се открие од нивните корупциски палавости, би требало народот да е крив. Па, нели, тој ги гласал иако знаел за сите будалаштини. Или, можеби, не знаел!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”