Малку беа 40 милиони, уште 156.000 евра за Стариот театар

by Фокус

Според податоците кои денеска беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Министерството за култура, пред три недели, склучило два анекси, тешки 156.000 евра.

Двата анекс договори, во четири очи, министерството ги склучило со фирмата „Страбаг АГ“, со оправдување дека ваквите дополнителни услуги не можат да се одделат од основниот договор.

Според штурите објаснувања, анексите биле неопходни за изведба на машински инсталации од аспект на противпожарна заштита.